Фудбалерите на Шкупи славеа на гостувањето кај Брера Струмица (1-2) викендов во ПМФЛ.
Еден од стрелците за чаирчани беше напаѓачот Емануел Аворнио, кој за клупскиот веб-сајт го прокоментира одиграното. Тој врза два натпревари на стартот на пролетната полусезона со погодоци.
„Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа од Скопје. Знаеме дека не ја започнавме сезоната добро, ама сега се враќаме во колосек. Овој дуел во Струмица беше добар за мене, се вратив од повреда и среќен сум за голот. Мора да се бориме за овој тим и дрес во секое време, дури и на тренинзите да работиме најмногу што можеме. Заслужуваме се што ни се случува во моментов. Победничката серија е мотивација за нас. Новиот менаџмент не мотивираше, а наша задача е да го вратиме Шкупи каде што му е местото“, изјави Аворнио.
Шкупи по 20 одиграни натпревари се наоѓа на шестата позиција со 28 бода, што е сепак далеку од амбициите на клубот.