94
Рома не само што израмни на гостувањето кај Челси во Лондон на мечот
од групата „Ц“, туку и поведе со 2-3, по водството на домаќините од 2-0 во првото полувреме.
Стрелец на израмнувачкиот гол на „Стемфорд Бриџ“ vo 64. минута беше
босанскиот напаѓач Един Џеко кој со волеј-бомба го совлада немоќниот Куртоа кој
немаше никакви шанси да го одбрани овој топовски удар на напаѓачот на Рома.
Само шест минути подоцна истиот фудбалер донесе пресврт за гостинскиот табор.