Екипата на Баерн Минхен во ефикасен натпревар против Аугусбург ја запиша втората победа во сезона откако во последниот натпревар денеска во Германија славеше со 3-2.
Баварците ја отворија серијата во 28. минута преку Серж Гнабри, кој прецизно реализираше по додавање на Хари Кејн. Кога домашните почнаа да го наоѓаат ритамот, следеше нов удар, длабоко во судиското продолжение од првиот дел Конрад Лајмер мајсторски го проигра Луис Диаз, а Колумбиецот со својот втор гол по доаѓањето од Ливерпул ја зголеми предноста на Баерн.
Прашањето на победникот беше затворено на стартот од второто полувреме. Повторно асистент беше Кејн, а стрелец овојпат Французинот Мајкл Олисе Сеп.к, Аугусбург не се предаде, Кристијан Јакиќ намали во 53. минута, а Комур на десетина минути до крајот донесе весност, сепак „чудо“ не се случи и Баерн ги освои бодовите.