Албанската инфлуенсерка Јулијана Нура, која пред дербито меѓу Србија и Албанија најави дека ќе пристигне во Лесковац со знаме на „УЧК“, сепак не се појави на трибините за време на саботниот натпревар.
Албанија славеше со 0-1, а Нура сега преку социјалните мрежи објасни зошто не дошла во Србија. Според нејзините зборови, против неа бил издаден налог за апсење.
„Кога во прашање е натпреварот, Србија – Албанија. Србија издаде налог за мое апсење, но и на уште тројца луѓе. Моето влијание од затвор не би одело во прилог на никого (освен на Србите) затоа одлучив да славам и да се радувам на слобода. Со својата медиумска работа станав фактор и важна личност за балканските медиуми. Ве сакам“, напиша Нура на својот Инстаграм-профил.
