156
Македонскиот
репрезентативец Енис Барди се врати во почетните 11 на Леванте, а тоа го
одбележа на одличен начин постигнувајќи атрактивен погодок во гостувањето кај
Реал Сосиедад.
Барди во 24.
минута погоди при една одлично одработена акција на тимот од Валенсија која во
гол на уште подобар начин ја „зачини“ Македонецот кој реагираше во манир на
расен голгетер во оваа ситуација…
Ова е првиот гол
за Барди во новата сезона од Примера каде забележа само пет настапи во 10-те
одиграни кола, не сметајќи го вечерашниот настап во 11-тото коло од најсилниот
фудбалски шампионат на Шпанија.