Градското дерби меѓу Бетис и Севиља во 26. коло од Ла Лига заврши без победник 2-2, иако домаќинот имаше сигурна предност.
Бетис одигра моќно прво полувреме и поведе со атрактивен погодок на Антони во 16. минута, а пред паузата Алваро Фидалго зголеми на 2-0. Сепак, продолжението донесе пад во играта на тимот на Мануел Пелегрини. Алексис Санчез намали во 62. минута и го најави враќањето на гостите, а конечните 2-2 ги постави Исак Ромеро во 85. минута, казнувајќи ја несигурноста во одбраната на домаќините.
Бетис останува на петтата позиција со 43 бода, додека Севиља е единаесетта со 30.
Потег на натпреварот дефинитивно беа ножичките на Антони во првиот дел од средбата за предност не неговиот Бетис.