Атлетико Мадрид со многу мака избори пласман во осминафиналето од Купот на кралот, откако на гостувањето кај Балеарес славеше со 2-3 во рамките на шеснаесетинафиналната фаза.
Екипата на Диего Симеоне тргна силно и рано стекна предност преку Антоан Гризман и Џакомо Распадори, кои погодија во 16. и 20. минута. Сепак, четвртолигашот не се предаде и намали преку Боне пред паузата, а Гризман во продолжението повторно донесе сигурност со вториот гол.
Во финишот Балеарес создаде вистинска драма, откако најпрво промаши пенал, а потоа доби нова шанса од белата точка која Кеита ја реализираше за конечни 2-3.
Во Купот на кралот не изостанаа ниту изненадувањата. Второлигашот Расинг Сантандер го елиминира Виљареал со победа од 2-1, додека Културал Леонеса славеше минимално против Леванте со 1-0.