Атлетико сака да „украде“ играч пред носот на Јунајтед и Сити

by
1 минути читање

Бразилецот силно се поврзува со трансфер во Премиерлигата, каде Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола сакаат да го ангажираат фудбалерот од средниот ред, кој може да игра и како десен бек.

Но последните информации велат дека Атлетико Мадрид сака да им ги поремети плановите на клубовите од Манчестер.

Вчера во Мадрид, генералниот директор на „Колчонероси“, Мигел Анхел Марин вечерал со Фабињо и неговиот агент Жорж Мендеш.

Атлетико во Бразилецот гледа замена за Тиаго Мендеш, кој го напушти клубот ова лето.

Но се уште не е јасно како би се реализирал еден ваков трансфер со оглед на тоа дека Атлетико Мадрид има забрана и не може да носи нови играчи во летниот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани