Атлетико прерано остана без голем талент, почина 14 годишниот Кристијан Минчола

by
1 минути читање

Знамето на
Атлетико ќе стои на половина копје. Ова ќе биде во чест на сите „колчонероси“
кои починале поради коронавирус, но и во чест на младиот Кристијан Минчола.

14 годишното
момче, кое важело за еден од поголемите таленти во школата, починало утрово.

„Чувството на
беспомошност кое се создава во вакви ситуации е ужасно. Во последниве неколку
денови, ми починаа неколку блиску пријатели, дел од коронавирус, дел од други
болести. Тоа што не можам да се простам со нив на начинот на кој заслужуваат,
како и во случајот со Кристијан, ми го крши срцето. Кристијан имаше само 14
години. Испраќам бакнеж до неговото семејство и пријателите, и сите кои се дел
од семејството наречено Атлетико Мадрид и кои страдаат. Од денеска, нашето
знаме ќе биде поставено на половина ккопје во чест на Кристијан и сите
„колчонероси“ кои починаа изминативе недели“
– рече генералниот извршен
директор Мигел Анхел Хил Марин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×