Атлетико поведе во 1. минута па не прикажа ништо, ги казни Сучиќ со „голазо“ од 30 метри (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Сушиќ

Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите, Хулијан Алварез реализираше уште во 1. минута, Лука Сучиќ погоди маестрало од далечина во финишот од натпреварот.

Избраниците на Диего Симеоне се мачат во последно време, а така беше и на денешното гостување кај Реал Сосиедад.

Атлетико Мадрид поведе уште во 1. минута, Гризман убаво остави со пета, а Алварез прецизно биеше по земја за 0-1.

Сепак, гостите прикажаа премалку во продолжението од натпреварот, Реал Сосиедад доминираше и сосема заслужено стигна до изедначување.

Погодокот за 1-1 беше дело на Лука Сучиќ, Хрватот постигна „голазо“ од 30 метри и маестрално погоди од далечина за голема радост на домаќините.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани