Атлетико одигра историско полувреме и ја понижи Барселона како ретко кој! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Атлетико Мадрид вечерва го одигра сигурно едно од своите најдобри полувремиња во историјата во првите 45 минути на Барселона ѝ даде четири гола.

Избраниците на Симеоне блескаат на теренот и по првото полувреме водат со 4-0. Најава за катастрофата за Барселона во првиот дел во Купот на Шпанија беше киксот на Жоан Гарсија кој си постигна комичен автогол во шестата минута.

Потоа Гризман во 14-тата минута се погрижи за 2-0, а веќе во 33-тата новото засилување Адемола Лукман постигна гол за 3-0. Четвртиот гол во судиското продолжение го постигна Хулијан Алварез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×