Желсон Мартинс е еден од играчите кои побараa раскин на договорот со Спортинг Лисабон на штета на клубот откако ултрас навивачите ги нападнаа фудбалерите и тренерскиот персонал.
Атлетико Мадрид сакаше да задржи добар однос со Спортинг Лисабон па му понуди 15 милиони евра, како и плус додатни 10 милиони евра во бонуси за да го купи Португалецот.
Но новите лидери на Спортинг побараа двојно повеќе односно помеѓу 45 и 50 милиони евра. Ваквото инаетење се покажа како лош потег откако Атлетико Мадрид денеска го ангажираше Желсон Мартинс за без пари.
„Колчонероси“ соопштија дека играчот ставил потпис на петгодишен договор и на Ванда Метрополитано пристигнува како слободен играч. По консултациите со ФИФА, и добиеното зелено светло, Атлетико реши да го искористи тоа што Желсон Мартинс побара раскин на договорот, па Спортинг ќе остане со празни раце.