Атлетико не го дава Гризман, останува до крајот на сезоната!

by riste
0 минути читање

Постоеше опција Антоан Гризман деновиве да потпише за Орландо Сити во МЛС, но тоа нема да се случи.

Директорот на Атлетико Мадрид, Матеу Алемани е дециден дека Гризман останува.

„Гризман останува со нас“, беше неговата кратка изјава.

Новиот план е Гризман да ја доврши сезоната, тој е важен бидејќи Атлетико Мадрид ќе игра во финалето од Купот на Шпанија и ќе се бори за трофеј. А откако сезоната ќе заврши, како слободен играч ќе се пресели во Орландо Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×