984
Хетафе го шокираше Атлетико Мадрид со два гола во финишот од натпреварот, Арамбари донесе триумф од 2-1 во ситуација кога домаќините беа пред пораз.
Атлетико Мадрид направи од готово вересија и се сопна во трката со Барселона и Реал Мадрид за титулата во Ла Лига.
Избраниците на Симеоне поведоа со 0-1 на гостувањето кај Хетафе со голот на Сорлот од пенал во 75. минута, и кога се чинеше дека ќе слават и привремено ќе се искачат на врвот на табелата, Кореа заработи црвен во 88. минута.
Веќе во следниот напад Арамбари изедначи на 1-1, за истиот играч во 92. минута да погоди по втор пат за целосен пресврт и победа на домаќините од 2-1.