294
По поразот во Суперкупот од Реал Мадрид, следуваше загубен меч во Примера од Еибар, а потоа беа исфрлени од Купот на Шпанија од Леонеса.
Тимот на Симеоне не успеа да излезе од серијата негативни резултати ниту денес откако одигра 0-0 против Леганес.
Не само што не победи, Атлетико Мадрид изгледаше немоќно, не создаде доволен број на шанси за да даде гол, па не заслужи ништо повеќе од реми.
Тие пропуштија да го искористат поразот на Барселона за да се доближат до врвот, останаа на четвртото место на табелата со само два бода повеќе од Валенсија.