Атлетико Мадрид кој направи голем резултат во Лигата на шампионите, во Ла Лига го забележа третиот пораз по ред откако денеска со 2-1 загуби на гостувањето кај Севиља.
Трите гола беа постигнати во првото полувреме, а Севиља поведе од пенал со гол на Адамс уште во 10. минута.
Бонар во 35. минута изедначи на 1-1, а Гудељ во судиското продолжение од првиот дел ги постави конечните 2-1 за Севиља.
На овој меч Симеоне одмори дел од своите најдобри фудбалери, може да си го дозволи тоа со оглед на тоа што речиси и го има обезбедено четвртото место во Ла Лига, односно има огромна предност пред Бетис.