869
Извесно е дека Дарвин Нуњез ја игра последната сезона во Ливерпул, црвените сакаат да се ослободат од напаѓачот, но ќе загубат и многу пари.
Арне Слот и јавно го искритикува Нуњез, тренерот на Ливерпул не е задоволен од напаѓачот, па најверојатно тој ќе биде продаден.
Информациите од Англија велат дека Атлетико Мадрид е заинтересиран да го купи, но за многу пониска сума од онаа што Ливерпул ја плати за Уругваецот.
Атлетико Мадрид нуди 35-40 милиони евра, а Ливерпул на Бенфика за Нуњез ѝ плати 85 милиони евра.
Цената на уругвајскиот напаѓач е значително падната, па Ливерпул ќе мора да го прифати фактот дека ќе го продаде за значително помалку отколку што го купи.