Атлетико Мадрид ќе атакува на победа против Малага на своето ново прекрасно фудбалско здание, вредно 310 милиони евра (ФОТО)

by
2 минути читање

Фудбалската арена
насловена како „Ванда Метрополитано“ ќе биде новиот дом за шпанскиот прволигаш
Атлетико Мадрид, реализацијата на ова прекрасно фудбалско здание чинеше 310
милиони евра, а неговиот капацитет е за 13.000 седишта поголем во однос на „Висенте
Калдерон“, поточно, ќе има место за 68 илјади гледачи.

Стариот дом на
Јорганџиите после цели 50 години заминува во историјата, а утре ќе биде
големото отворање на новиот дом за тимот од Мадрид и тоа во дуелот против
Малага (20,45) во рамките на четвртото коло од Примера.

Сепак, вреди да се
напомене дека не станува збор за целосно нов изграден стадион, истиот е
изграден во 1993. Година, а Мадрид со него посакуваше да го добие Светското
атлетско првенство само четири години подоцна. Лани, мадриѓаните се надеваа
дека на истиот ќе се одржат Олимписките игри, но шпанската престолнина на
крајот не доби ниту една организација на истите.

Во однос на изградбата,
Атлетико Мадрид во него вложи 170 милиони евра, а остатокот (вкупно целиот
износ чинеше 310 милиони евра) беше компензација со продажбата на земјиштето на
поранешниот стадион.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани