Момците на Диего Симеоне со 3-1 славеа над Леванте на домашен терен и ја потврдија добрата форма во Ла Лига.
Резултатот беше отворен со автогол на Дела за водство на Атлетико во 12. минута, десетина минути подоцна Санчез израмни на 1-1. Нерешено беше на полувреме.
По 15 минути игра во вториот дел Гризман го врати водството на Атлетико со неговиот прв контакт со топката откако влезе во игра.
Тој беше стрелец и на последниот гол на мечот откако погоди во 80. минута.