Атлетико Мадрид со 3-0 отпатува на реваншот во Москва и беше јасно дека требаше да се случи чудо за Локомотив да се радува. Не само што не се случи чудо, туку домаќинот беше понижен на својот терен.
Дека Локомотив нема што да бара на овој дуел најави Кореа уште 16. минута, тој погоди за водство на 1-0 на Атлетико Мадрид. Четири минути подоцна, Рубус со вистинска бомба од далечина го изедначи резултатот на 1-1.
По две минути игра во вториот дел, убава акција на Атлетико Мадрид која Саул Мигез ја круниса со гол и го врати водството на гостите.
Во 65. минута Фернандо Торес погоди од пенал кој беше досуден по фаул врз Гризман, пет минути подоцна Нандо постигна уште еден гол за убедливи 4-1.
На пет минути пред крајот Гризман со прекрасен лоб ги постави конечните 5-1.