Шпанскиот
прволигаш Атлетико Мадрид има кратка листа со тројца напаѓачи кои се
идентификувани како можни наследници во нападот на тој состав за Диего Коста.
Искусниот шпански
напаѓач поради повреда од потежок карактер е вон комбинација да му помогне на
тимот предводен од Диего Симеоне, па така „Јорганџиите“ ги разгледуваат опциите
на трансфер пазарот.
Во Шпанија
известуваат дека постои трио кое Атлетико Мадрид под будно око го „скенира“,
станува збор за Тимо Вернер од Лајпциг, Андреа Белоти од Торино, како и Единсон
Кавани од ПСЖ.
На „Јорганџиите“
не им оди според планот оваа сезона, по 15 одиграни кола во „Примера“ имаат
само шест победи, а дури седум ремија, дополнително забележаа и два порази со
што заостануваат шест бода зад лидерот Барселона.
Дека Симеоне се
соочува со проблеми во нападот, доволно говори тоа што Атлетико Мадрид постигна
само 16 погодоци досега во „Примера“, што споредено со оние 36 на лидерот
Барселона се голема разлика.