81
Често се говори
дека Антоан Гризман летоска ќе биде големото засилување за Жозе Мурињо, „Црвените
Ѓаволи“ се спремни да ја платат откупната клаузула на напаѓачот вредна 100
милиони евра.
Французинот
вечерва одново е топ вест кај медиумите од „Островото“, речиси сите весници ја
пренесуваат пораката која на социјалните мрежи ја објави поранешниот ФИФА
агент, Винсент Родригез.
„Постигнат е финансиски
договор помеѓу Атлетико Мадрид и Манчестер јунајтед за трансферот на Антоан
Гризман. Наскоро повеќе информации” – гласеше пораката на Родригез на Твитер.
Вчера, советникот
на Антоан Гризман, Ерик Олат изјави дека „Црвените Ѓаволи“ биле тие кои први пројавиле
интерес и биле најконкретни во разговорите.