Атлетико Мадрид е
сериозно заинтересиран за услугите на Лоренцо Инсиње, но, Наполи сака многу
повеќе од предвидената сума која шпанскиот прволигаш сака да ја издвои за
офанзивецот.
Според пишувањата
на весникот Ил Матино, Јорганџиите веќе оствариле контакт како почеток на
преговорите со Наполи за 27 годишниот Инсиње, за да утврдат дали тој е отворена
опција за летниот преоден рок, а неофицијално, подготвени се да издвојат 50-55
милиони евра.
Таткото на Инсиње со тешки зборови за Анчелоти по елиминацијата од Арсенал
Претседателот на
Наполи бил категоричен за тоа дека италијанскиот прволигаш треба да добие
најмалку 100 милиони евра обештетување за својот фудбалер, што е двојно во
однос на тоа што Атлетико Мадрид планира да го издвои за овој трансфер.
Инсиње постигна
13 погодоци во 38 натпревари оваа сезона, но, се уште нема конкретни понуди за
него досега.
Наполи испадна од
Лига Европа, и тоа во четвртфиналето од Арсенал, а Карло Анчелоти се реши да го
повлече од игра Инсиње во второто полувреме на реваншот во Сан Паоло, но,
офанзивецот таа одлука на својот тренер не ја прифати баш позитивно.