106
Приказната на Лестер во Лигата на шампионите завршува во четвртфиналето, малиот англиски тим е елиминиран од Атлетико Мадрид.
Атлетико во Англија допатува со предност од 1-0 по првиот натпревар и успеа да ја сочува.
Натпреварот беше отворен во 26. минута кога по одлична систенција од Фелипе Луис, Нигуез погоди со глава за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.
Во 61. минута по една мешаница во шеснасетникот, топката дојде до Џејми Варди кој го изедначи резултатот на 1-1.
До крајот на натпреварот Лестер напаѓаше, имаше неколку убави шанси за пресврт, но Атлетико Мадрид се одбрани и дојде до ново полуфинале од Лигата на шампионите.