214
Хулијан Алварез е една од желбите на Барселона за наследник на Роберт Левандовски, Атлетико Мадрид е подготвен да преговара, но само доколку бидат понудени 150 милиони евра.
Роберт Левандовски е под договор со Барселона до јуни 2026 година, во моментов нема преговори за продолжување на соработката и големи се шансите Полјакот да го напушти клубот по крајот на сезоната.
Хулијан Алварез е една од желбите на Жоан Лапорта и неговите соработници, но „каталонците“ ќе треба да бркнат длабоко во џебот.
Последните информации велат дека Атлетико Мадрид е подготвен да преговара со Барселона, но само доколку бидат понудени 150 милиони евра.