123
Атлетико Мадрид и Сампдорија постигнале договор за трансфер на играчот од средниот ред Лукас Тореира кој во Шпанија би требало да се пресели во јануари.
Уругвајскиот фудбалер ќе претставува рекордна продажба на Сампдорија. Најскапо продаден играч досега им е Патрик Шик кој изминатото лето беше продаден на Рома за 32 милиони евра.
Се очекува Атлетико Мадрид во јануари да купи неколку фудбалери бидејќи во летниот преоден рок имаше забрана за правење трансфери. Тие веќе ги ангажираа Витоло и Диего Коста кој ќе почнат да играат за тимот од 2018.