Aтлетико Мадрид дојде на чекор од пласман во финалето од Копа дел Реј откако вечерва со убедливи 4-0 славеше над Барселона во првиот натпревар од полуфиналето.
Предноста за реваншот Атлетико вечерва ја обезбеди уште во првите 45 минути кога ги постигна четирите погодоци. Резултатот беше отворен рано уште во шестата минута по грешката на која ја направи голманот на Барселона, а Ерик Гарсија си постигна автогол.
Веќе во 14. минута фудбалерот кој го носеше и дресот на Барселона во минатото, Антоан Гризман се погрижи за 2-0. На 3-0 зголеми новото засилување Адемола Лукман по половина час игра. Се играше завршницата од првиот дел кога Атлетико преку Алварез постигна и четврти гол.
Во второто полувреме се тресеше мрежата на Атлетико во 52, меѓутоа тој гол по цели седум минути проверка од ВАР собата беше поништен. Барселона до крајот не успеа да постигне гол, а остана и со играч помалку откако во 86. минута исклучен беше играчот кој си ја погоди сопствената мрежа, Ерик Гарсија.