Атлетико ја доби битката со Барса, ПСЖ подобар од Ливерпул (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Вечерва беа одиграни уште два натпревари од четвртфиналната фаза во Лигата на шампиони, во кои победи забележаа Атлетико Мадрид и ПСЖ, и двата тима со идентични 2-0.

Атлетико Мадрид триумфираше на гостувањето кај Барселона на „Камп Ноу“. Каталонците имаа повеќе од играта во првото полувреме и неколку пати се заканија кон голот на Хуан Мусо, но одбраната на гостите успешно ги неутрализираше нивните обиди. Клучниот момент се случи во финишот на првиот дел, кога Пау Кубарси доби црвен картон во 44. минута, оставајќи ја Барселона со играч помалку. Атлетико ја искористи ситуацијата, па Хулијан Алварез со прецизен удар од пенал донесе водство.

Во второто полувреме избраниците на Ханси Флик се обидоа да се вратат во натпреварот, но во 54. минута имаше и спорен момент кога Ле Норманд играше со рака во казнениот простор, а судијата реши да не покаже на белата точка. Барселона пропушти и добра можност преку Ламин Јамал, а казната пристигна во 70. минута кога Александер Сорлот го постави конечниот резултат од 2-0.

Во вториот натпревар ПСЖ на домашен терен беше подобар од Ливерпул. Парижаните рано стигнаа до предност, откако во 11. минута Дуе постигна атрактивен погодок. Францускиот тим продолжи да ја контролира играта и да создава шанси, а вториот гол го постигна во 65. минута преку Квича Кварацхелија.

Ливерпул не успеа сериозно да се закани до крајот на средбата и одигра уште еден блед натпревар, додека ПСЖ имаше можности и за поубедлива победа, но резултатот остана 2-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×