Иако се работеше за пријателски натпревар, атмосферата на теренот меѓу градските ривали не беше таква.
Резултатот беше отворен веќе по 50 секунди кога по асистенција од Жоао Феликс, Диего Коста го постигна својот прв гол на натпреварот.
Само седум минути подоцна веќе беше 2-0, Жоао Феликс и самиот се запиша во листата на стрелците постигнувајќи го својот прв гол за Атлетико.
Во 19. минута Кореа зголеми на 3-0, а десет минути подоцна Диего Коста го постигнува својот втор гол на мечот за 4-0.
Кошмарот на Куртоа во првиот дел не заврши тука, прими уште еден го, од Диего Коста од пенал. Хет-трик на напаѓачот.
Но Коста не можеше да запре, во 51. минута даде и четврти гол за неверојатен резултат 6-0 за Атлетико Мадрид против Реал.
Кралскиот клуб во 59. минута преку Начо го намали резултатот на 6-1, шест минути подоцна се случи инцидент. Поради фаул врз негов соиграч, Диего Коста влезе во физичка пресметка со Карвахал, на двајцата им беше покажан црвен картон.
Во 70. минута Витоло погоди за 7-1, а до крајот на мечот Реал Мадрид преку Бензема од пенал и Санчез успеа да го ублажи срамот и да ги постави конечните 7-3.