Aтлетико го губи чекорот за титулата: Не победи и трет натпревар во низа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Aтлетико Мадрид не успеа да слави на гости кај Еспањол и одигра само 1-1 во рамките од Ла Лига.

Тимот на Симеоне беше подобар портивник, но сепак не успеа да го освои целиот план од каталонскиот тим.

Водство за Атлетико обезбеди Аспиликуета во 38-та минута, а Еспањол израмни преку Пуадо на 20-тина минути пред крајот.

На табелата Атлетико сега има шест бода помалку од Барселона и три од Реал Мадрид, сепак „јорганџиите“ се и со натпревар повеќе од нив.

По поразите од Гетафе и Барселона за Атлетико ова беше трет натпревар во кој не забележа триумф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани