Лео Меси и соиграчите ќе треба да одиграат уште еден натпревар кој мора да го добијат за да се пласираат во следното коло од плејофот во МЛС откако загубија со 2-1 на гостувањето кај Атланта.
Интер Мајами првиот меч го доби со 1-0 и се очекуваше дека нема да имаат проблеми да ја сочуваат предноста во реваншот иако таа беше минимална. Атланта сепак беше девета во регуларниот дел и играше дополнителен меч против осмопласираниот Монтреал за да дојде до меч со Интер Мајами.
Но, на хартија аутсајдерот го изненади фаворитот. Интер Мајами добро го почна мечот, поведе со гол на Мартинез во 40. минута од натпреварот.
Атланта изедначи во 58. минута преку Вилијамс, а во 94. минута Силва погоди за нивна победа од 2-1.
Сега е 1-1 во партии, мајсторката во Мајами ќе го одлучува патникот во четвртфиналето од плејофот.