Атанасовски: Играњето за Македонија е привилегија, можеме да се надигруваме со секого

by 24 фудбал
1 минути читање

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години со почеток од 15:00 часот, го игра првиот дуел од квалификацискиот турнир за Европското првенство кој што се одржува во Португалија. Нашиот национален тим ќе се сретне со Белгија заедно со домаќинот е фаворит за освојување на првите две места.

Избраниците на селекторот Ерхан Селими во претстојните мечеви влегуваат со максимална подготвеност и мотивираност да забележат што е можно подобар резултат. Репрезентативците имаа квалитетни подготовки за овој предизвик, а последната проверка беа двата дуели со Црна Гора.

Секако дека сме подготвени за она што следува. Играњето за националниот дрес секогаш е голема привилегија и одговорност. Имаме добра генерација, добро се подготвуваме, како сега така и на изминатите неколку пријателски средби. Противниците се квалитетни но сметам дека можеме да се надигруваме со секого“, изјави Лука Атанасовски пред утрешниот дуел во Гимараеш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×