Јани Атанасов е задоволен од триумфот на Македонија на гостувањето во Рига и порача дека по три бода ќе се оди и на гостувањето кај Ерменија.
Овој месец може да бидат решени многу прашања за изгледот на нашата група во Лигата на нации, и вечерва „црвено-жолтите“ успешно го положија првиот тест, со триумф од 0-3 против Летонија.
Во недела не чека важен натпревар против Ерменија, и Јани Атанасов порача дека и таму Македонија ќе оди на победа.
„Ова се многу важни три бода. За натпреварот се подготвивме многу добро. Среќни сме што работите на теренот се одвиваат како што треба, дека соработуваме како што треба. Ние гинеме за овој дрес. Беше тежок меч, но дадовме се од себе и ги освоивме трите бода“ – рече Атанасов, кој во 35. минута ја донесе Македонија во водство.
„Сега малку да се одмориме, да се рекуперираме, па да се подготвиме за Ерменија, и таму ќе одиме на трите бода“.