Аталанта во последната минута даде гол и победи во Џенова! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Џенова повеќе од 90 минути играше со фудбалер помалку и малку фалеше да издржи и да не загуби, но Аталанта сепак дојде до победата благодарение на погодок длабоко во судиското продолжение.

Само што почна натпреварот, домаќините останаа со фудбалер помалку откако Леали во третата минута доби црвен картон.

Аталанта имаше играч повеќе, но мака мачеше да постигне гол. Кога се чинеше дека Џенова ќе издржи, падна нивниот бедем.

Во 94. минута по асистенција на Залевски погоди Хеин за победа на Аталанта од 1-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×