Аталанта не победи ривал од кој вреди 436 пати повеќе!

by 24 фудбал
1 минути читање

Аталанта доживеа вистинска бламажа на последниот пријателски натпревар, одигрувајќи само 3-3 против хрватскиот второлигаш Опатија.

Италијанскиот тим, во чиј стартен состав се најдоа имиња како Скамака, Самарџиќ, Косуну и Брешанини, важеше за апсолутен фаворит, но тоа не се покажа на теренот. Камалден Сулемана го отвори резултатот, но Злибановиќ израмни за домашните. Ново водство за Аталанта донесе Ибрахим Сулемана, а токму пред полувреме Злибановиќ повторно погоди за 2-2. На почетокот од второто полувреме, Ајаџи ја шокираше Аталанта со погодок за 2-3, а дури пеналот на Лазар Самарџиќ успеа да го спаси тимот од пораз.

Опатија пред еден месец ремизираше и против Удинезе, покажувајќи дека знае да им направи проблеми на многу посилни ривали.

Доста интересно е дека Аталанта според играчите достигнува вредност од 436,6 милиони евра, а Опатија само 1,05 милиони. Иако стартниот тим на Аталанта и измените не беа најскапите во клубот, сепак ремито беше лош резултат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×