Аталанта може за двојно повеќе да го продаде играчот кој го купи пред само шест месеци

by bojan
1 минути читање
Ретеги

Како што пренесува Ла Република, Арсенал и Астон Вила сериозно загризале за Матео Ретеги и се подготвени да платат 55 милиони евра за ангажман на напаѓачот.

Аталанта одлично работи на трансфер пазарот и бележи огромен ќар од продажба на фудбалерите, а медиумите од Италија сега пишуваат за можноста да се реализира нова профитабилна зделка.

Ла Република објави дека Арсенал и Астон Вила сериозно загризале за Матео Ретеги и се подготвени да платат 55 милиони евра за ангажман на напаѓачот.

Аргентинецот, кој има италијански пасош и го носи дресот на „аѕурите“, пристигна во Бергамо минатото лето во зделка вредна околу 28 милиони евра.

Матео Ретеги одлично се снајде во „црно-синиот“ дрес, па со извонредните голгетерски партии, сега може да направи нов трансфер, двојно повисок од оној пред шест месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани