Во пресметка на
две екипи кои се борат за влез во топ четири и место во Лигата на шампионите,
Аталанта славеше со 2-1 против Рома. Гостите поведоа во последните минути од
првиот дел откако домашниот дефанзивец Поломино загуби една топка на својата
половина и му овзоможи на Џеко да погоди за 0-1.
Сепак,
„нероаѕурите“ од Бергамо направија пресврт во продолжението од натпреварот и
тоа за само 10 минути. Паломино се искупи за грешката, се најде на право место
во право време и по еден корнер од десната страна донесе 1-1.
Потоа следеше
магија на Пашалиќ, кој само дваесетина секунди по влегувањето во игра, со
својот прв допир на топката маестрално пласираше за 2-1 и огромна радост на
домаќините.
Со овој триумф,
Аталанта сега има +6 во однос на Рома на четвртата позиција на табелата.