Фудбалот е
прилично лукративен бизнис за оние кои умеаат. Има голем број на примери за
заработки на неколку десетици милиони евра од трансфеи, а последната таква
зделка е преселбата на Дејан Кулушевски во Јувентус.
Македонецот, кој
одлучи да ги брани боите на Шведска, во 2016 пристигна во академијата на
Аталанта за само 165.000 евра. Три ипол години подоцна, тој дебитираше во
првиот тим и одигра три натпревари во Серија А за тимот од Бергамо.
Изминатово лето,
Дејан Кулушевски беше испратен во Парма за да има поголема минутажа, напаѓачот
ја искористи укажаната шанса и прикажа одлични партии со кои ги привлече
вниманието на голем број клубови.
Најконкретен беше
Јувентус, „старата дама“ за да ја победи конкуренцијата се сложи да плати 35
милиони евра, како и додатни десет милиони евра во бонуси. Дејан Кулушевски
денеска ги помина редовните лекарски прегледи и само прашање на време е кога и
официјално ќе биде потврден неговиот трансфер.