Аталанта го потврди трансферот на Заниоло, на зделката и се радуваат Рома и Јувентус

by bojan
2 минути читање
Заниоло

Аталанта попладнево го потврди трансферот на Николо Заниоло од Галатасарај, Италијанецот пристигнува на позајмица со опција/обврска да биде купен во целост доколку се исполнат одредени услови.

Николо Заниоло се враќа во Серија А, во сезоната 24/25 ќе го носи „црно-синиот“ дрес на Аталанта.

„Аталанта е задоволна што може да соопшти дека го ангажираше Николо Заниоло на позајмица до 30. јуни 2025 со опција и обврска за перманентен трансфер под одредени услови“ – гласеше известувањето.

Како што пренесуваат медиумите од Италија, Аталанта на Галатасарај ќе и плати околу 3,5 милиони евра за позајмицата, а опцијата/обврската за перманентен трансфер е поставена на 16,5 милиони евра, плус додатни 2,5 милиони евра во бонуси.

На зделката и се радуваат Рома и Јувентус, „волчицата“ треба да добие процент од трансферот, додека пак „старата дама“ се надева дека овој трансфер ќе им помогне во намерата да стигнат до Тун Копмајнерс.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани