239
Аталанта минатото
коло неочекувано загуби дома од СПАЛ, но избраниците на Гаспери очигледно брзо
ја заборавија непријатната епизода и вечерва го понижија Торино со 0-7 на
Олимпискиот Стадион.
Јосип Иличиќ се
истакна со хет-трик и мајсторски погодок од половина терен. Во 54. минута, еден
од дефанзивците на Торино играше со рака на средината од теренот, Словенецот забележа дека голманот Сиригу не е на својата позиција, па без размислување веднаш
биеше и ги изненади сите за гол кој долго време ќе се раскажува.