12
Аталанта славеше со 2-0 на гостувањето кај Лацио во меч од Серија А и го прескокна Комо на табелата.
Резултатот го отвори Едерсон со гол од пенал пред крајот на првото полувреме.
Конечните 2-0 за гостите од Бергамо ги постигна Залевски по 15 минути игра во второто полувреме.
Со оваа победа Аталанта ја одржа надежта за пласман на местата кои водат во Лигата на шампионите.