Аталанта го доби Лече и остана во битка за Европа! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Аталанта останува во трка за местата кои водат во Европа, откако славеше сигурна победа на гостувањето кај Лече со 3-0 во рамките на 31. коло од Серија А.

Иако бергамашите не го отворија најдобро натпреварот, сепак успеаја да го скршат отпорот на домаќинот во 29. минута, кога Скалвини ја затресе мрежата за водство. До крајот на првото полувреме резултатот можеше да биде и поубедлив, но расположениот голман на Лече, Фалконе, со неколку одлични интервенции ја одржа неизвесноста.

Во вториот дел, Аталанта целосно ја презеде контролата. Крстовиќ во 59. минута го зголеми водството на 2-0, по уште една асистенција на разиграниот Де Кетеларе. Прашањето на победникот беше дефинитивно решено во 73. минута, кога Распадори ја круниса акцијата на Пашалиќ и ги постави конечните 3-0.

Со новите три бода, Аталанта се искачи на седмото место со 53 освоени поени и со добра атмосфера ќе го дочека големото дерби против Јувентус наредниот викенд во Бергамо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×