642
Барселона може да добие помош од Астон Вила во обидете да го ангажираат Маркус Рашфорд, клубот од „Вила Парк“ е подготвен да инвестира 20 милиони евра во Оскар Мингеза од Селта.
Барселона, Милан и Борусија Дортмунд се посочуваат како клубовите кои се заинтересирани за потписот на Маркус Рашфорд, а „каталонците“ во оваа битка би можеле да добијат помош од Астон Вила.
Имено, клубот од „Вила Парк“ е подготвен да инвестира 20 милиони евра во Оскар Мингеза од Селта.
Доколку се реализира една ваква зделка, Барселона ќе добие 50% од сумата, односно 10 милиони евра ќе се влеат во клупската каса.
Парите ќе бидат доволни за „каталонците“ да можат да си го дозволат Маркус Рашфорд на позајмица до крајот на сезоната.