Астон Вила купи стопер кој има над 70 натпревари во најсилната турска лига

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Астон Вила го потврди ангажманот на турскиот дефанзивец, Јашин Озкан кој веќе две сезони е стандарден во турска Кашимпаша.

Вила го купи од турскиот клуб за сума од седум милиони евра, плус бонуси. Договорот кој го потпиша Озкан ќе има важност четири и пол години, а до крајот на сезоната ќе игра во својот досегашен тим.

Интерес за него покажуваа Фенербахче и Евертон, но Астон Вила на крајот победи во трката.

Станува збор за фудбалер кој има над 70 настапи во најсилната турска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани