Астон Вила го наполни Бормут, Брентфорд го победи Њукасл (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Астон Вила со убедливи 4-0 славеше над Борнмут, Њукасл доживеа пораз на гостувањето кај Брентфорд откако загуби со 1-3, Нотингем форест го совлада Лидс со 3-1.

Сите четири гола ги постигнаа различни стрелци за Астон Вила, во првото полувреме погодија Буендија и Онана, а во вториот дел прецизно стрелаа Баркли и Мален.

Мечот можеби ќе имаше поинаков тек ако Семењо дадеше гол од пенал при негатива на Борнмут од 2-0.

Њукасл поведе со гол на Барнс на гостувањето кај Брентфорд, но вториот дел беше сосема поинаков.

Шаде израмни на 1-1 во 56. минута. А клучниот момент се случи во 73. минута кога Брн доби втор жолт картон. Њукасл остана со фудбалер помалку.

Тиаго со гол од пенал го сврте резултатот, а Тиаго длабоко во судиското продолжение ги постави конечните 3-1.

Со тој резултат победи и Нотингем форест над Лидс, немаше голови на мечот меѓу Кристал Палас и Брајтон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×