Астон Вила го договори „чудото од дете“ од Мец за осумцифрена сума

by 24 фудбал
1 минути читање

Астон Вила го обезбеди првото засилување, објави Фабрицио Романо. Клубот од Бирмингем, кој сезонава е едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата и води борба со Арсенал и Манчестер Сити, договори трансфер на 16 годишниот напаѓач Брајан Маџо.

Станува збор за фудбалер кој важи за голем талент, а Астон Вила за неговиот потпис ќе му плати на Мец сума од 12 милиони евра, што е јасен показател за очекувањата што ги има англискиот клуб.

Маџо сезонава настапи на пет натпревари во Лига 1, во кои собра 157 минути на теренот, но без постигнат гол или асистенција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×