Ашковски потпиша за Раднички: Пред две години документите ме спречија да потпишам за овој клуб, но…

by riste
1 минути читање

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски стави потпис на двегодишен договор со Раднички Ниш.

Македонецот се враќа во српскиот фудбал каде претходно настапуваше за Напредак, Нови Пазар и Партизан.

„Искусниот репрезентативец на Mакедонија претставува големо засилување за нашиот клуб. Зад себе има богата кариера во која играл и во Србија. Потекнува од школата на Партизан, а играше уште за Напредак и Нови Пазар. Одлично се снаоѓа на повеќе позиции, но најчесто игра како крило и лев бек“, соопштија од клубот.

Ашковски открива дека уште пред две години требало да потпише за Раднички, но тогаш се испречиле административни проблеми.

„Со директорот Дејан Пропадало се договоривме за пет минути. Така беше и минатиот пат. Тогаш документите ме спречија да дојдам, но сега е сè како што треба. Куќата ми е блиску и драго ми е што семејството ќе може да ме поддржува секој викенд. Ниш е убав град, Раднички голем клуб и затоа желбата да дојдам беше голема“, изјави Ашковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×