Младите фудбалски
надежи играа одлично во првото полувреме, резултатот и високото водство на
шпанците од 3-0 по првите 45 минути игра воопшто не го отсликуваше текот на
играта во првиот дел на реална основа.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски направи
две измени уште на стартот од вториот дел, во игра влегоа Елиф Елмас и Никола
Ѓорѓев, од игра излегоа Ангелов и Маркоски.
Нашите фудбалери
продолжија во ист стил со играта, одлично парираат и во вториот дел, но на
резултатски план Шпанија ја користи секоја можна прилика, Асенсио зголеми на
4-0 во 55. минута, фудбалерот на Реал Мадрид упати удар во казнениот простор на
нашата селекција, топката беше одбиена, го промени правецот и заврши во мрежата
од нашиот гол.
Ова е втор гол за
Асенсио на мечот во Гдиња, по голот за 2-0 во првото полувреме.
Извештајот а
воедно и погодоците од првото полувреме, проследете ги – ТУКА.
Marco Asensio GOAL HD – Spain U21 4-0 FYR… by 87taras
Фото-вест:
uefa.com