Шампионот на
Европа ја заврши турнеата во САД со триумф над Рома. Утрово на „Метлајф
Стадионот“, избраниците на Хулен Лопетеги со 2-1 ја победија „Волчицата“.
Резултатот беше
отворен веќе во 2. минута. Бејл извонредно го проигра Асенсио кој рутински ја
затресе мрежата на Рома за 1-0 и покажа дека одлично се снаоѓа како 9-ка откако
постигна два гола против Јувентус играјќи во шпицот на нападот.
Во 15. минута од
мечот самиот Бејл се запиша во листата на стрелците и најави дека е подготвен
оваа сезона да превземе дополнителен товар по заминувањето на Роналдо.
Рома во финишот
од мечот само успеа да го намали резултатот, Стротман се најде осамен на
подалечната статива и погоди за 2-1.