Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио куртули од затворската казна која му се најавуваше откако беше обвинет за незаконско споделување на снимки со сексуална содржина, неговиот адвокат Алфонсо Моралес Кампруби успеа да се договори со жртвите.
Шпанските медиуми пишуваат дека целта на овој договор е да се намали одговорноста на Асенсио за делата за кои е обвинет.
Адвокатот со договорот се обидува делото на Асенсио да го смени во „полесно казнено дело“, со што би бил издвоен од постапката која се води против други три лица за истиот случај.
Со таква квалификација на делото, според законот, наместо затворска казна се предвидува само парична казна која би ја платил Асенсио.
Фото: Facebook/Real Madrid